Финансиско друштво СМАРТ КРЕДИТ ДООЕЛ Радовиш работи врз основа на Решение издадено од Министерот за финансии на Република Македонија бр.13-6497/5 од 27.09.2019.
Финансиско друштво СМАРТ КРЕДИТ ДООЕЛ Радовиш, друштво со седиште и адреса на управување: гр. Радовиш, ул. Партизанска бр. 21, ЕМБС 7385218, како Контролор на лични податоци, ве известува дека:
Обработува лични податоци во согласност на Законот за заштита на личните податоци, со оглед на вршење на дејноста при исполнување на постоечките нормативни барања. Обработувањето на податоците се врши преку електронски средства и рачно.
Личните податоци се обработуваат и користат од Финансиско друштво СМАРТ КРЕДИТ ДООЕЛ Радовиш со оглед на законското спроведување на дејноста при строго придржување кон барањата на Законот за заштита на личните податоци и можат да бидат пренесени на трети лица единствено и само под условите на Законот за заштита на личните податоци.
Бидејќи ниедно лице не е должно да воспоставува односи со Финансиско друштво СМАРТ КРЕДИТ ДООЕЛ Радовиш, обезбедувањето на лични податоци на Финансиско друштво СМАРТ КРЕДИТ ДООЕЛ Радовиш е доброволно. Во предвид на тоа дека Финансиско друштво СМАРТ КРЕДИТ ДООЕЛ Радовиш е должно да ги исполнува одредените нормативни барања, одбивањето да се достават лични податоци води до невозможност за спроведување на соодветните правни односи на лицето со Финансиско друштво СМАРТ КРЕДИТ ДООЕЛ Радовиш.
Секое физичко лице има право на пристап до личните податоци кои се однесуваат за него и кои се обработувани од Финансиско друштво СМАРТ КРЕДИТ ДООЕЛ Радовиш, како и да побара поправка на овие податоци. Тие права може да бидат искористени според одредениот од Законот за заштита на лични податоци (особено правата предвидени во член 11 и 12 од Законот за заштита на личните податоци) ред на адреса: гр. Радовиш, ул. Партизанска бр. 21, како и во сите канцеларии на компанијата.